Телото на 5-годишниот Боу Белсон кој исчезнало за Божиќ е пронајдено вчера во езеро недалеку од местото каде последен пат било видено, изјавила полицијата во Мичиген.
Боу исчезнал оваа среда околу 2.30 попладне од куќата на својата баба додека играл во дворот со фамилијата во Сикс Лејкс во Мичиген.
Пронајден бил во замрзнато езерце на околу 15 метри оддалеченост од куќата од која исчезнал. Полицијата не е сигурна дали детето паднало во езерцето или само влегло во него. Истрагата е во тек, но засега нема докази за тоа дали станува збор за сомнителна смрт.
„Ќе ја продолжиме истрагата и ќе се обидеме да утврдиме од која причина завршило детето во вода“, рекле од полиција.
Инаку, детето било аутистично, но можело да комуницира со околината. Во потрагата учествувале околу 1.000 волонтери кои го барале од средата навечер.