ТРАГЕДИЈА: Мајка си ги фрлила сопствените деца од катна гаража во Бостон (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Четириесетгодишна мајка на Божик ги фрлила своите две малолетни деца од 4 години и од 15 месеци од покривот на јавна гаража во Бостон, по што и самата се убила, соопшти обвинителството во четвртокот.

„Доказите сугерираат дека мајката Ерин Паскал се убила со скок од зграда, откако ги фрлила својата четиригодишна ќерка и петнаесетмесечниот син. Децата веројатно се убиени“, изјавила обвинителката на округот Сафолк, Рајчел Ролинс.

Ерин Паскал, нејзината ќерка Алисон и синот Ендрју живееле во населбата Вест Роскбери во Бостон.

– Ова е многу тажен ден, додека се обидуваме да си ја разјасниме оваа трагедија која се случи на Божиќ – рече Ролинс на денот на убиството за новинарите во Бостон.

Истрагата е во тек, а засега не е пронајдено проштално писмо, ниту имало забелешки и пријави за однесувањето на мајката, рече Ролинс.

Гаражата во која се случило злосторството има девет ката и е споена со железничката станица во близина на кампусот на универзитетот Нортистерн.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com