Татко, син и ќерка се удавија во базен во Шпанија (ФОТО)

by Тони Зографски

Британско семејство, 53 годишен маж и неговите син и ќерка на возраст 16 и 9 години, се пронајдени мртви во базен во туристичкиот комплекс Коста дел Сол во Шпанија.

Вчера попладне телефонски е пријавено дека во базенот во местото Михаус во близина на Малага има три тела. Несреќата се случила околу 13 и 30, а до неа дошло кога таткото и синот скокнале да му помогнат на 9 годишното девојче, кое почнало да се дави. Потоа сите тројца најверојатно се удавиле во базенот.

Според The Sun, британското семејство било на божиќен одмор, а со нив најверојатно се наоѓала и мајката која ја алармирала управата на хотелот за несреќата.

Се испитуваат причините за оваа голема трагедија, а нуркачи го истражувале дното на базенот и пумпите за вода, соопштуваат од владата на Андалузија, пренесуваат агенциите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com