Полицијата во Тексас е во потрага по човекот кој во еден фризерски салон во градот Кату пукал во фризерот кој наводно му направил лоша фризура на неговиот 13-годишен син – пренесува Си Ен Ен.
Детективот Валас Вајат го потврдил инцидентот.
-Прво отиде дома, па се врати. Фризерот се понуди бесплатно да му ја поправи фризурата на детето, по што започнала расправија – изјави Вајат. и додал:
-Ова е една од најчудните кавги со која сум се сретнал во мојата кариера. Особено, што осумничениот цело време бил во салонот и гледал како го потшишуваат неговиот син.
Инаку, фризерот кој се наоѓа во болница најверојатно ќе преживее.