Во Перу е во тек голема истрага за смртта на двајца тинејџери кои загинаа за време на своето работно време во еден од рестораните на Мекдоналдс во Лима.
Вработените Александар Порас (18) и Карлос Кампо (19) во неделата загинале од струен удар додека ја чистеле кујната на ресторанот – објави Ројтерс.
Компанијата “Аркос Дорадос Холингс“ која управува со рестораните на Мекдоналдс во Латинска Америка, објави на Твитер дека соработува со полицијата во истрагата. Таа додаде, дека два дена ги затворила сите свои објекти во Перу поради жалост, но на вработените тие денови ќе им бида платени.
Обвинителството на Перу истакна дека истрагата ќе покаже дали сигурносните мерки биле во целост применети во ресторанот.