Никола Шалевски д-р. вет. мед.
Ветеринарна Амбуланта Прима Вет Медика – Скопје
Трендот на посвојување домашни миленици сѐ повеќе се зголемува. Сепак, поради слабата информираност новите сопственици не се подготвени да се справат со предизвиците кои ги носи новиот член на семејстото, соочувајки се со непредвидени проблеми кои го закиселуваат слаткото искуство да се одгледуваа куче и не ретко тоа резултира со напуштање на миленикот или негово страдање поради лоша грижа која му ја пружа новиот сопственик. Еве неколку совети за читателите кои размислуваат за посвојување кученца, како и за сопствениците.
1. Малите кутриња не се плишани играчки!
Еден од најчестите мотиви за посвојување миленици се децата. Малите кутриња се многу мили и слатки и се привлечни за децата, но сепак, обврската за нивата грижа останува на родителот. Могу родители не се свесни за овој момент мислејки дека нивната обврска завршува со набавката на миленикот. Кутрињата обично се преземаат од одгледувалиште после престанокот на доењето. Иако кутрето веќе е научено само да се храни, сѐ уште не знае дека своите физиолошки потреби не треба да ги извршува во средината во која живее. Овој процес трае неколку недели, па дури и неколку месеци и бара трпение од сопственикот за одржување на хигиената во домот и дресура на кутрето.
2. Кучињата не прават разлика дека сме различни видови.
Се смета дека првите кучиња се припитомени пред околу 10.000 години. Тоа не е доволен период да еволуираат доволно за да ја променат својата физиологија и своите навики од дивината. Во дивината да ги земеме на пример волците кои се најблиски роднини на домашите кучиња, се социјални животни, кои живеат во групи така наречени глутници. Секоја глутница се води по строго естаблирани правила на однесување од кои ниеден член не смее да прави отстапки. Глутницата има еден водач т.н. алфа мажјак или женка, потоа возрасни бета членови меѓу кои постои посебна хиерархија на социајен статус и подмладок за кои сите се грижат. Домашните кучиња не прават разлика меѓу нас како различни видови и инстинктивно се водат по истите правила на дивината, со тоа што тие ја гледаат фамилијата како една заедница во која еден член е алфа, сите останати членови се на бета ранг, а малите деца се подмладок и кучето ќе се однесува заштитнички но и доминантно према нив. Еден од најголемите проблеми настанува кога сопствениците често му попуштаат на миленикот и прават отстапки од утврдените правила на однесување на кучето, па дури некој сопственици имат и страв од својот миленик. Во тој случај кучето заклучува дека тоа е алфата во фамилијата и покажува доминација во облик на непровоцирана агресија со која сопствениците неможат да се справат.
3. Дисциплинирање на милениците
Многу често при дисциплинирање на милениците , сопствениците користат физичка сила што експеритите не го препорачуваат. Кучињата за разлика од човекот имаат многу поголем праг на болка, па ударот со стап или шлаканица често не претставува голема казна. Знае да направи раздор во довербата на миленикот према сопственикот, па дури и да предизвика контра агресија. Затоа за десура и повеќе се препорачува позитивен стимуланс на база на награда одколку казна. Доколку е потребно да се казни, најдобар начин е примена на средсдва кои при ударот не предизвикуваат голема болка, но прават голема бука и татнеж на пример сунѓераста папуча или завиткан весник. Поради неколкукратно почувствителното сетило за слух од нас, кое го имаат кучињата, најчесто тоа е многу поголема казна отколку нешто што ќе му нанесе болка на миленикот.
4. Исхрана на милениците
Пред неколку статии набројавме повеќе храни кои милениците несмеат да ги конзумираат и подетално може да прчитате таму. Но, сепак мора да напоменеме дека милениците не смеат да ја јадат човечката храна. Ова не е поради комерцијални причини за да се трошат храните за миленици. Како што спомнавме доместикацијата на кучињата трае околу 10.000 години што не е доволно долг период за рапидно да се измени физиологијата кучето. Човекот е омнивор, што зачи дека сме еволуирале да преработуваме храна од животинско и растително потекло. Бидејки растенијата содржат доста алкалоиди, ние сме евоулирале со разни ензими кои ги разградуваат овие алкалоиди и тие не се токсични за нас. За разлика од нас, кучињата се месојади и ензимите не им се доволно развиени, така да нивниот дигестивен систем и метаболизам не е создаден за храна од растително потекло.
5. Неопходна е редовна вакцинација, дехелминтизација и заштита од надворешни паразити
Погоре напоменавме дека кученцата се вдомуваат најчесто после престанокот на доењето. Додека дојат мајките им пренесуваат имуноглуболини на младите, појачувајки им го имунитетот, но по престанокот на доењето нивниот имунитет нагло опаѓа и стануваат ранлива категорија за многу вирулентни болести. Затоа се препорачува навремена имунизација на кутрињата и нивна излоација во карантин додека не имунизацијата не заврши. Со имунизација се почнува на 42-45-тиот ден и се врши вакцинација со две ревакцинации во интервали од 21 ден, што значи дека имунизацијата завржува по навршувањето на третиот месец од животот на кутрето. До тогаш не се препорачува изнесување на кутрето во надворешна средина, посебно на места пофрекфрентни со возрасни кучиња, како и пред манипулација со кутрето. Доколку сме биле во контакт со возрасно куче треба да ги измиеме рацете и да не дозволиме кутрето да дојде во допир со облеката и обувките кои ги носиме надвор. Дехелминтизацијата и заштитата од надворешни паразити е битна пред се за здравјето на споствениците. Многу видови внатрешни паразити се пренесуваат преку млекото, па така големи се шансите и новородените кутриња да имаат паразити кои се пренесуваат и на луѓето. Истото важи и за надворешните паразити, посебно за болвите кои ги има 12 месеци во годината. За справување со внатрешни и надорешни паразити постојат повекје препарати и методи кои може да се применат во консултација со вашиот ветеринар. Може да не контактирате за ова и нас во Ветеринарната Амбуланта Прима Вет Медика до Скопје.