Инаку, славниот пар со своето друштво се одмара на јахтата на Безос во Грција, а 54-годишната Лорен е снимена на романтична вечера со својот вереник, но и како се забавува на јахта и вози џет ски, а фановите на социјалните мрежи го коментираа нејзиното навежбано тело.

„Изгледа неверојатно“, „Секоја чест за вашата упорност во вежбањето“ и „Не ми се верува дека оваа жена има 54 години“, се само дел од коментарите. Инаку, парот се запознал пред пет години, а милијардерот минатата година ја запросил со прстен кој чинел 2,5 милиони долари.