Британската актерка им го покажала голиот задник на случајните минувачи (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Актерката Кејт Бекинсејл им го покажала голиот задник на минувачите во близина на зградата во која живее.

Бекинсејл објави кратко видео на Инстаграм и испрати порака до фановите.

„Кога земјата ќе се отвори под вашите нозе, единствениот одговор, откако ќе се исплачете сè додека не ви биде добро, е вашиот задник“, напишала британската актерка.

Во посета ѝ дошла нејзината пријателка, дизајнерката Нина Кејт, која снимила како поминуваат време заедно.

Актерката во еден момент решила на минувачите да им го покаже голиот задник, па ги спуштила панталоните и се потпрела на прозорецот.

Нејзината шега предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Додека некои останале згрозени и зачудени од ваквата постапка, други ја пофалиле нејзината храброст.

„Игрите на среќа можат да предизвикаат зависност. 18+“. Така треба, гајле ти е кој што ќе каже“, „Се подготвуваш за некоја улога?“, „Ова не е дамски“, „Лош обид за комедија“, „Што не е во ред со неа, многу ми се допаѓаше“, „Допре ново дно“, напишале некои во коментарите.

останати вести