Кристијано Роналдо во неодамнешното интервју за Will to Act изјави дека трошоците на неговиот најстар син Кристијано Роналдо Јуниор се многу високи.
„Троши 40.000 долари неделно на шишање, облека, ресторани и неговите девојки. Знам дека е млад и сака сѐ, но мислам дека тоа е премногу за дете на негова возраст“, изјави Роналдо.
Имено, Кристијано Роналдо Јуниор има 14 години и игра фудбал. Се школува во фудбалските академии на клубовите во кои настапува неговиот татко.
„Сега му давам само 15.000 долари неделно, но Џорџина сепак мисли дека тоа е премногу. Сето тоа го троши на ресторани, излегувања и други работи од кои нема никаква корист“, изјави Роналдо во интервјуто.
Кристијано Роналдо Јуниор. е роден во јуни 2010 година во Сан Диего, Калифорнија, а сè уште не е познато која е неговата мајка. Фудбалерот има вкупно пет деца. Две со неговата свршеница Џорџина Родригез, а другите три ги добил преку сурогат мајки.