Никол Кидман со 15-годишната ќерка во црни фустани на ревијата на Balenciaga (ФОТО)

by Тони Зографски

„Каква мајка, таква ќерка“… се коментарите за најновото појавување на Никол Кидман и нејзината ќерка Сандеј Роуз.

57-годишната актерка и 15-годишната девојка беа гостинки на најновата модна ревија на Balenciaga во Париз. Дуото мајка-ќерка привлекуваше погледи во координирани стајлинзи со црни фустани.

За оваа пригода, холивудската ѕвезда избра долга блескава креација, додека Сандеј Роуз носеше краток кадифен ролка-фустан.

останати вести