Фокусот на хрватските спортски медиуми е насочен кон Магдалена Кекшиќ, хрватската навивачка која живее во Манхајм.
„Во Берлин бев облечена како зајчица, денеска ќе бидам во син аутфит, верувам дека ќе донесам среќа. Две години го чекав ова, мојата Хрватска да игра на ЕП во Германија, билетите се одамна купени. Секако дека бев малку разочарана од поразот од Шпанија, но сигурна сум дека ќе победиме на двете преостанати средби до крајот на групава“, порачува убавата Магдалена.