Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина во 2023 година на 87-годишна возраст. Во годините на неговото присуство на политичката и јавната сцена, го следеа огромни скандали, често поврзани со неговиот љубовен живот.
Јавноста отсекогаш била заинтересирана за партнерките на Берлускони, а во последните години од животот тој беше со половина век помладата Марта Фашина, пратеничка од неговата партија.
Која е првата сопруга на Силвио Берлускони?
Првата сопруга на Силвио Берлускони е убавата Карла Елвира Лучија Дал’Ољо (84), која имала 24 години кога го запознала поранешниот премиер на Италија и за која многу се зборувало поради нејзиниот атрактивен изглед и убавина. Тие се запознале на трамвајска станица во Милано, си размениле погледи и од тој момент биле неразделни сè до разводот во 1985 година, со кој беше ставен крај на нивниот 20 години долг брак.
Една година по венчавката ја добија ќерката Марина, која е претседателка на „Fininvest“ и на групата „Arnoldo Mondadori Editor“. Синот Пјер Силвио го добија во 1969 година, кој е извршен потпретседател и директор на групата „Mediaset“.
Првата сопруга Силвио ја остави поради 20 години помладата Вероника, а потоа Карла побегнала во странство поради трачевите кои ја следеа.
Бракот на Карла и Берлускони паднал во криза уште во 1980 година. Ниту еден од нив не откривал зошто се разделиле, но се шпекулираше дека причината била неговата прељуба. Силвио лудо се вљубил во 20 години помладата актерка Вероника Ларио (67), која ја запознал во театар во Милано.
Откако се разделила од поранешниот сопруг, Карла се преселила во Англија на неколку месеци за да избега од озборувањата. Тие се разведоа спогодбено во 1985 година, иако нивните деца негодуваа поради одлуката да се разделат.
Првата сопруга на Силвио Берлускони се држеше подалеку од јавноста, иако добивала бројни понуди за интервјуа. Нивните деца изјавиле дека и покрај сè, нивните родители останале во пријателски односи.