Хрватската пејачка Северина неодамна беше на одмор во Франција, од каде сподели неколку фотографии кои сведочат за нејзиното заслужено опуштање и одмор.
Имено, пејачката престојуваше во францускиот приморски град Бијариц, а на својот профил на Инстаграм покрај убавините на оваа атрактивна туристичка дестинација, објави и неколку незаборавни модни комбинации.
Најголем впечаток пејачката остави со романтичното издание во фустанот на британската дизајнерка Викторија Бекам. Северина на фотографиите позира во провокативен бел фустан, со смело деколте до папокот.
Таа кај својата публика предизвика многу позитивни реакции за изборот на фустан.