Едноставно низ годините на економски кризи, војни, природни катастрофи и промени во индустријата, многу возила остануваат напуштени и заборавени во отпади.

Сигурно барем еднаш сте се запрашале како изгледа да видите неколку илјади автомобили паркирани еден до друг, во овој случај 300.000.

Ова се гробиштата на 300.000 автомобили кои беа отфрлени како резултат на скандалот „Дизелгејт“ на Фолксваген.

За време на оваа афера и откупувањето на своите автомобили, со спорни дизел мотори во САД, „Фолксваген“ потрошил околу 7,4 милијарди долари.

Од 500.000 дизели, дури 350.000 такви автомобили биле купени од нивните сопственици и паркирани на импровизирани депонии во САД. Според некои информации, на американско тло има околу 37 големи депонии на кои може да се најдат уредно паркирани 300.000 автомобили.

„Фолксваген“ ги паркирал таму и чека одобрение од американската влада за да изврши дополнителни тестови и поправки на овие возила за да се исполнат моментално важечките еколошки стандарди за издувните гасови.

Сепак, големо прашање е дали за тоа ќе добијат дозвола, а и да добијат, сосема е извесно дека нема да смеат да ги продаваат тие автомобили на територијата на САД, па „Фолксваген“ ќе мора да ги транспортира во некоја друга земја во светот. Како и да е, како и да е решението, потребни се многу пари.

За купување на овие возила, плаќање казни и обештетување, „Фолксваген“ потрошил повеќе од 25 милијарди долари вкупно во САД за аферата „Дизелгејт“.

Вкупно „Фолксваген“ требаше да купи околу 500.000 спорни дизел автомобили. Во текот на 2017 година се купени околу 335.000 возила, од кои само 13.000 се предадени, а 28.000 се уништени. Значи, во моментов има 294.000 преостанати автомобили на гробиштата на Америка.

Скандалот со емисиите на гас „Фолксваген“, познат како „Дизелгејт“ или „Емисинсгејт“ започна во септември 2015 година, кога Агенцијата за заштита на животната средина на САД издаде известување за прекршување на Законот за чист воздух до германскиот производител на автомобили „Фолксваген груп“.