Џенифер Лопез се најде во центарот на вниманието среде гласините за развод од сопругот Бен Афлек, а сега на површина излезе детал од нејзиниот живот кој не ја покажува во најдобро светло, пишува Дејли Мејл.
Имено, пејачката има бизарно барање до својот персонал – никој не смее да ја гледа во очи.
“Една наша пријателка работеше на осветлувањето на нејзиниот концерт. На сите работници им беа дадени строги упатства: Не гледајте во г-ѓа Лопез. Нема контакт со очите”, напишал еден извор на социјалните мрежи.
„Познавам луѓе кои работеа во казино и им беше наложено целосно да избегнуваат контакт со очите на Џеј Ло. “
Музичката дива наводно го вовела истото правило за своите возачи на лимузини, кои „не смеат ни да ја гледаат во ретровизорите“, велат изворите. Дополнително, се огласи и американски диџеј и водителка на подкаст, која на TikTok ја сподели приказната за бизарното владеење на пејачката.
“Имам пријател кој правеше звук на проектот на Џеј Ло и го избрка. Ја прекина целата продукција и сѐ само затоа што ја погледна во очи”, рекла таа. Инаку, се огласи лице кое работело во ски-центар во Калифорнија, кое тврди дека на персоналот им било кажано да не ја гледаат пејачката во очи.