Актерката Сидни Свони која на почетокот на годинава беше мета на остри коментари дека не е ниту убава ниту талентирана и дека се прославила без причина, повторно ја разбранува јавноста.
Таа е фотографирана како ужива во спортови на вода пред нејзиниот нов дом во Јужна Флорида. Свини ја купила вилата за 13,5 милиони долари. На плажата била придружувана од свршеникот Џонатан Дејвин и пријателите.
Во април оваа година, актерката беше вмешана во скандал, како и продуцентката Керол Баум, која и кажа дека не е убава и дека не знае да глуми. Холивудската ѕвезда не сакаше да молчи на ваквите забелешки, па по таа забелешка објави слики од одморот во Мексико. Заедно со неколку фотографии таа испрати порака: „Извинете што имам преубави гради“. Се чини дека е сосема јасно кон кого е упатен коментарот. А фотографиите беа тема на многу коментари.
Овој одговор дојде откако филмската продуцентка остро ја критикуваше глумата на Сидни Свини во романтичната комедија „Anyone But You“, што ги налути фановите на ѕвездата од серијата „Еуфорија“ и доведе до реакција на актерката која во моментов доживува подем во кариерата.
Како што пишува „Daily Mail“, Сидни со овој потег им го возврати ударот на сите хејтери кои веруваат дека поради изгледот добива филмски и телевизиски улоги. Да бидеме попрецизни, овој одговор бил веројатно упатен до холивудската продуцентка Керол Баум која истакна дека Сидни „не знае да глуми“.
„Сакав да знам која е таа и зошто сите зборуваат за неа“, изјавила Керол. „Побарав да ми ја објаснат оваа девојка. Не е убава, не знае да глуми. Зошто е толку привлечна? Никој немаше одговор“, рекла таа.
Секако, актерката не сакала да молчи на ваквите прозивања, па за првпат кратко одговорила:
„Ако тоа е она што таа го научила со децении работа во индустријата, и ако смета дека е соодветно на тој начин да ги подучува учениците, тоа е срамно“, рече таа. „Неправедното омаловажување на колешките доволно говори за карактерот на госпоѓа Баум“, истакнала Сидни.