Софија Лорен се појавила во јавноста, по долгата пауза која следела откако во септември минатата година ѝ била извршена итна операција. Актерската легенда била во Њујорк со синот Едоардо Понти, а видеото кое било снимено тогаш проследено е со бројни комплименти.
Софија Лорен била во познат ресторан на Беверли Хилс, на ручек со нејзиниот син кој ѝ помогнал да влезе во автомобилот.
Актерката се движи со помош на бастун, но видеото секако е охрабрувачко кога е во прашање нејзиното закрепнување.
„Софија Лорен е најубавата жена на светот“, „Има 90 години и сè уште е преубава, ја обожувам“, „Апсолутна икона“, „Своевремено кажа: ’Сè што гледате им го должам на тестенините!‘ Отсекогаш ми се допаѓале таа и Џина Лолобриџида“, „И понатаму преубава и елегантна“, се само дел од коментарите на „Instagram“.
Нејзиниот син бил толку внимателен што ја држел за глава додека влегувала во автомобилот, за да не се повреди. Италијанската актерка, добитничка на „Оскар“, Софија Лорен, била итно пренесена во болница на операција во септември 2023 година, откако паднала во својот дом во Женева, Швајцарија. Нејзиниот агент за „Си-ен-ен“ зборувал како поминала таа хируршка интервенција.
„Операцијата помина многу добро, сега треба само да почекаме“, изјавил агентот на Софија Лорен, Андреа Џусти, за „Си-ен-ен“ пред 9 месеци.
Нејзиниот менаџер за „People“ во октомври 2023 го изјавил следното: „Сè се одвива добро, потребни се барем неколку месеци рехабилитација.“ Тој за „People“ се огласил и по операцијата кога открил дека хируршкиот зафат поминал одлично и дека Софија Лорен полека закрепнува.
Синџирот ресторани кој го носи нејзиното име, на „Instagram“ ја објавиле веста за операцијата и соопштиле: „За среќа, сè помина добро и таа ќе биде со нас многу наскоро“. Тие ѝ посакале на актерката „брзо закрепнување.
Италијанскиот „RAI“ објавил дека Софија Лорен требало да отвори петти ресторан во Италија, кој ќе го носи нејзиното име, и тоа во Бари – откако им посакала добра работа на рестораните во Милано, Фиренца и Рим, пишува „Си-ен-ен“.
Меѓутоа, операцијата го спречила тоа.
Како пишува „The Hollywood Reporter“, актерката не се здобила со повреда на бедрената коска, како што било објавено првично, туку само неколку преломи. Синовите на Софија, Лорен Карло Јуниор и Едоардо Понти, кои ги добила со режисерот Карло Понти, сето време биле покрај мајка си.
Италијанската дива го имала своето последно појавување во јавноста пред да пристигне во Њујорк на 2 септември 2023 година, на ревијата на „Армани“ на Филмскиот фестивал во Венеција.
Од 7 до 13 јуни во Линколн центарот во Њујорк се прикажува ретроспектива од 13 филмови во кои таа глумела.