Џејми Ли Кертис (65) е најмладата ќерка на филмските ѕвезди Џенет Ли и Тони Кертис.
И двајцата починаа, Џенет во 2004 година, а Тони шест години подоцна, но нивната ќерка често се сеќава на нив и зборува за сѐ што научила од родителите. Од нив наследила голем талент и постигнала завидна кариера, но нејзиниот живот не бил толку гламурозен, објави Стори.
Публиката ја освојуваше со различни улоги, особено „Тркало на среќата“, „Вистински лаги“, „Ноќ на вештерките“… Виткото тело ѝ беше заштитен знак, а сцените со стриптиз и денес се паметат. Џејми во еден период од животот станала зависна од лекови против болки, на кои се „навлекла“ по неуспешната естетска процедура – отстранување на подочниците.
“Беше страшно. Затоа отидов на естетска операција. А кога не делуваа, беше уште полошо. Знаев дека тато има проблеми, а и јас имав проблеми, па се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете кое сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет, брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година.“
Таа им украла дрога од постарата сестра и помалиот брат, а не се отрезнила ниту кога дознала за смртта на нејзиниот брат поради предозирање.
Таа се омажи за актерот Кристофер Гест во 1984 година и вели дека нејзината ќерка Ени, која ја родила во 1986 година, ја одвела на вистинскиот пат.
“Потоа имаше едно осумгодишно дете, кое ми кажа дека никогаш не сум била тука за неа кога ѝ требав. Тоа ме потресе”, признала Џејми еднаш. Таа и нејзиниот сопруг ја посвоиле ќерката Руби во 1996 година, а во една прилика рекла дека при породување, ја пресекла папочната врвца и дека таа прва го држела бебето во раце.