Салма Хаек и на 57 години важи за една од најатрактивните актерки во светот, а тоа го потврди и споредувајќи ги нејзините две фотографии направени со разлика од две децении.
Имено, Салма сподели своја фотографија од 1999 година на која се гледа како лежи и позира во кафени бикини. Таа ја спореди фотографијата со изданието од 2020 година кога на ист начин позирала облечена во кафеав едноделен костим за капење.
„Некои пози никогаш не излегуваат од мода“, напиша актерката и нагласи дека првата фотографија е создадена за кампањата на „H&M“, а втората за магазинот „L’Officiel“.
„Вечно убава“, „Салма е како виното, затоа што колку повеќе старее, толку подобро изгледа“, „Секој ден поубава“, „Со годините стануваш поубава“, и напишале фановите на мексиканско-американската актерка.