Папараците на островот Ибица израдуваа бројни гледачи на „Love Island“, бидејќи на плажа ја уловиле една од најголемите ѕвезди на хит реалното шоу и тоа во многу атрактивно издание.
Британската манекенка Арабела Чи, овој понеделник ја покажала својата фигура во минијатурни црвени бикини сончајќи се и притоа покажувајќи го своето завидно извајано тело, привлекувајќи ги погледите на капачите.
Инаку, оваа русокоса убавица по појавувањето во реалното шоу често го привлекувала вниманието кон себе, особено минатото лето кога се дружела со Леонардо ди Каприо на неговата јахта на Ибица.
Имено, Арабела и Лео се запознале преку негов близок пријател, Ричи Акива, кој го нарекуваат и „крал на ноќните клубови“. Ричи и оваа убавица биле забележани како разменуваат сочни бакнежи и се верува дека имаат афера, но нивниот однос никогаш не прераснал во нешто сериозно.
Од неодамна се шират гласини дека Чи се придружила на апликација за запознавање со славни личности, наречена „Raya“. Во март било објавено дека Арабела се гледа со 24-годишната бразилска атлетичарка Винисиус, само две недели по разделбата од нејзиниот колега од емисијата „Island All Stars“, Адам Макстед.
Оваа атрактивна 33-годишна девојка на „Instagram“ ја следат дури 1,3 милиони луѓе, а ретко кој останува рамнодушен на фотографиите и видеата кои таа ги објавува.