Марија е инфлуенсерка и познат фитнес тренер, која често споделува совети преку социјалните мрежи. Бидејќи останала бремена, решила редовно да објавува фотографии од нејзиното „трудничко патување“. Лицата што ја следат преку социјалните мрежи се зачудени од големината на нејзиниот стомак.
Таа неодамна на социјалните мрежи откри дека чека близнаци. Во видеото што предизвика големо внимание и собра над два милиони прегледи за помалку од една недела, Марија се пошегува дека го користела својот труднички стомак за да ги одврати несаканите додворувачи. Кога мажите се обидувале да ѝ пријдат, таа ќе се завртела покажувајќи го огромниот стомак, оставајќи ги шокирани. На видеото, и приоѓа непознат млад човек, кој откако што ќе ја види однапред, занемува.
– Ова е најдобриот начин да ги избркате додворувачите – се пошегува таа во описот на видеото.
Оваа жена веќе има син и ќерка, а во следните неколку дена очекува близнаци. Марија во текот на целата бременост била физички активна, редовно вежбала во сала и кревала тегови, и покрај критиките на оние кои веруваат дека жените не би требало да вежбаат за време на бременоста.
– Вежбањето за време на бременоста е многу корисно. Ако некое време кревате тегови, можете да продолжите да го правите тоа, само прилагодете ја тежината – објаснила таа, а за тоа пишуваше „The Sun“.
Марија открива дека знаела оти има близнаци уште пред ултразвукот, забележувајќи го брзото потемнување на позитивната линија на тестот за бременост, како и поради големите мачнини и повраќањето. Нејзиниот стомак се забележувал по само седум недели. Нејзините обожаватели се изненадени од големината на нејзиниот стомак, а многумина ѝ посакале породувањето да помине во најдобар ред.