Лекси Дилуција од Питсбург, која на мрежите се претставува како актерка, неодамна посетила ноќен клуб сакајќи добро да се забавува.
Меѓутоа, работите тргнале наопаку, па таа завршила со „рог“ на челото, кој го снимила и документирала на TikTok и YouTube.
Лекси уживала во музиката и танцувањето, а во еден момент се обидела да ги импресионира присутните.
Таа амбициозно се „фрли“ на подот сакајќи да направи шпага, но силно ја удри главата во подот. Не помина долго време кога на челото ѝ се појави голем хематом.
Нејзиното видео стана хит на мрежите, а продолжение следеше викендот, кога девојката потврди дека „рогот“ целосно се повлекол. Додуша под очите – и покрај шминката се гледаа подочници.