Плус сајз моделот и TikToker-ка Грејси Бон од Панама објави видео во кое се жали на нејзиното непријатно искуство во Дизниленд во Париз, каде отишла да се забавува со своите браќа и сестри.
Објаснила како ѝ бил уништен денот затоа што случајните минувачи ја „исмејувале големината на нејзиното тело“ и додала дека најлошото е што ги учат своите деца да го прават истото.
„Постојано ме фотографираа и ме гледаа или постојано се смееја. Знам дека можеби мислите дека претерувам и дека јас сум виновна што сум голема, но ова е буквално она што Бог ми го дал и морам да го прифатам секој дел од мене“, објасни таа.
“Дури и ако страдате од нешто или изгледате поинаку, не треба да бидете малтретирани поради изгледот. Никогаш не би коментирала негативно за туѓиот изглед. Почитта е клучна”, рече таа, додавајќи дека Дизниленд “треба да биде безбедно место каде што сите се чувствуваат удобно“ и дека таа „само сакала да се забавува како другите“.
„Ако нешто не ви се допаѓа, престанете да мразите и чувајте го за себе“, заклучила таа, а во коментарите ја поддржале и бројни „Тиктокери“.
„Потребни ни се повеќе луѓе како тебе, многу си убава. Те почитувам“, „Ти си убава. Навистина е тажно како луѓето можат да бидат толку злобни“ и „Посакувам секој да има своја работа, но самодовербата е клучна“ се некои од коментарите.