Една од најпознатите манекенки на светот, атрактивната Хајди Клум го прослави својот 51
Иако легендарната убавица влезе во шестата деценија од животот, на нејзиниот изглед и позавидуваат многу помлади девојки.
Поради нејзината совршена фигура и бујните гради, таа отсекогаш била секс бомба, а за неа навистина важи изреката дека староста е како виното.
Родена е во малиот германски град Бергиш Гладбах. Нејзиниот татко бил директор на козметичка компанија, а мајка и била фризерка.
Нејзината кариера започнала речиси случајно, кога се пријавила на натпревар за моделирање на ТВ-шоуто „Gottschalk Late Night“.На крајот на шоуто тогаш младата Хајди потпишала договор со германската агенција за модели Метрополитен.
По двата неуспешни брака и многуте романси сега 51 годишната манекенка се смири крај 17 години помладиот Том Каулиќ со кој е во брак веќе пет години.