Софија Вергара отворено проговори за пластичната хирургија и откри дека планира да ја направи секоја процедура што ќе и текне.
Ѕвездата од „ Modern Family“ изјави дека сè уште не поминала под нож, но наскоро планира да оди кај хирург.
– Ќе направам секоја пластична операција што ќе ми падне на ум кога ќе почувствувам дека сум подготвена – изјавила актерката за списанието „Allure“.
Признала и дека до сега ќе оперирала многу ситници на себе да не бил нејзиниот напорен распоред како актерка.
– Посакувам да имав повеќе време за такви работи, одамна ќе бев оперирана, но не можам да си дозволам да се опоравам неколку недели поради природата на мојата работа – додаде таа.
Признала и дека е голем љубител на ботоксот, но не сака импланти. Смета дека на нејзини години тоа нема смисла.