Руската тенисерка Јулија Авдеева се најде во една несекојдневна ситуација кога на меч од Ролан Гарос доби удар со глава од страна на главната судијка. Во првото коло Авдеева играше против Коко Гауф од САД, беше убедливо поразена со 6:1, 6:1 на мечот кој ќе се помати по една чудна ситуација.
Руската тенисерка имаше забелешка за една топка дали е во аут или не, а кога на теренот се појави главната судијка, се случи немил инцидент. Судијката во обид да покаже каде завршило топчето, со главата ја удри тенисерката.
Авдеева во прв момент беше зашеметена, но го прифати извинувањето од судијката. Руската тенисерка заработи модринка на главата, но го продолжи мечот.