Британскиот премиер покажа како игра фудбал, сите му се смеат, а снимката е хит (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британскиот премиер Риши Сунак ги покажа своите фудбалски способности.

Тој се приклучи на тренинзите на младите фудбалски надежи во фудбалскиот клуб Чешам Јунајтед. Но, ситуацијата не одела како што планирал.

https://twitter.com/i/status/1795098416634077228

Риши ја водеше фудбалската топка и се обиде да ги совлада конусите. Облечен во бела кошула и панталони, тој дриблаше околу конусите, но се сопна на еден. Во тој момент сите го гледаа, а многумина го снимаа. Едно од објавените видеа има 6,7 милиони прегледи.

Затоа видеото од неговиот дриблинг се рашири на социјалните мрежи и сега многумина се потсмеваат на тоа. Некои се шегуваат дека неговиот настап ја заслужил Златната топка

Се разбира, не ѝ требаше многу време на Лабуристичката партија да се подбива со премиерот. „Срамно“, напишаа покрај видеото објавено на X, а потоа направија своја компилација на TikTok. Тие ги споредија фудбалските вештини на Риши Сунак со оние на нивниот лидер Кеир Стармер.

останати вести