Британската манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од Кан, а на една од нив е целосно гола, што било повод за бројни реакции од фановите.
Роузи позирала гола на кревет, а во описот напишала: „Утрата во Кан“. Многумина во коментари навеле дека се разочарани.
Во 2010 година, манекенката соработуваше со брендот Викторија Сикрет. Таа носеше нивна ревија во Њујорк, но после тоа донесе одлука да ја прекине соработката. Таа навела дека е свесна дека манекенките имаат краткорочни кариери.
И покрај тоа, Роузи продолжи да работи за голем број познати брендови, меѓу кои „Prada“, „Burberry“, „Marks & Spencer“ и други. Таа се испроба и во кинематографијата, појавувајќи се во филмовите „Transformers: Dark of the Moon“ и „Mad Max: Fury Road“.
Хантингтон-Вајтли започна да се забавува со актерот Џејсон Статам во 2010 година. Парот се вери во 2016 година и го има синот Џек Оскар и ќерката Изабела Џејмс.