Венсан Касел (57) и неговата 30 години помлада девојка Нара Баптиста привлекоа внимание на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
Таа заблескала во елегантен црн фустан украсен со светки, додека тој се одлучил за класичен костум. Парот присуствуваше на премиерата на филмот „Parthenope“ на Паоло Сорентино и во добро расположение позирал пред присутните фоторепортери.
Венсан и Нара започнаа да се забавуваат минатото лето и често се појавуваат заедно на вакви настани. Сепак, тие сè уште не ја коментирале јавно својата врска.
Многу обожаватели истакнуваат дека Нара многу личи на поранешната сопруга на Касел, Тина Кунаки. Тие се венчаа во 2018 година и ја добија ќерката Амазонија во 2019 година.
Гласините за нивниот развод почнаа да се шират во април минатата година, откако ги избришаа заедничките фотографии од социјалните мрежи. Оваа вест набрзо беше потврдена.
Венсан многумина го паметат и по бракот со Моника Белучи од која се разведе во 2013 година. Со неа има две ќерки – Дева и Леони. Со оглед на тоа дека овој актер секогаш покрај себе ги има најубавите дами, многумина се прашуваат како му успева тоа.
„Треба да нè научиш како го правиш ова“, „Нара е прекрасна, ти си вистински среќник“, „Признавам дека сум љубоморен“, „Овој човек знае да ужива“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.