“Беше прекрасно“: Камила Кабељо открила со која славна личност го имала првиот сексуален однос

by Тони Зографски

Камила Кабељо одлучила со сите да сподели какво било нејзиното прво сексуално искуство, кога имала 20 години. Првиот секс е тема за која многумина се таинствени и претпазливи, дури и познатите личности. Но, не и оваа пејачка.

За време на неодамнешното гостување во поткастот „The Armchair Expert with Dax Shepard“, Кабело започнала да зборува за нејзината врска од пред 7 години. Таа открила дека во тоа време се забавувала со писателот и инфлуенсер Метју Хаси и дека со него го имала првото сексуално искуство.

А потоа навлегла во детали. „Тоа беше мојата прва врска. Тој имаше поткаст во кој зборуваше за „дејтовите“. И сега е оженет. Па, честитам“, започнала.

„Буквално водевме љубов“

„Тоа беше доцна за прва врска. Имав 20 години. Со него го имав и првиот секс – на 20 или 21 година. Буквално водевме љубов. Беше прекрасно“, додала Кабељо.

 

Иако биле заедно само нешто повеќе од една година, помеѓу 2018 и 2019 година, таа вели дека многу научила од Хаси. Таа, исто така, го пофалила за успехот на неговите врски после неа, бидејќи тој сега е оженет.

Кабељо продолжила:

„Тој беше одлична личност. Тоа беше како совршена вистинска врска. Навистина го прошири мојот свет, бидејќи тој не ни беше во мојата индустрија“.

останати вести