Патници останале збунети и мокри на 4 часовен лет кон Њујорк: Врне дожд во авионот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Необичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерката Савана Говарти.

Таа објави клип кој за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не открива со кое друштво патувала.

На видеото гледаме кабина полна со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.

Савана во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Дејли Стар.

„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.

Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во авионот“.

Нереалната сцена била резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post.

останати вести