Локалните медиуми ги објавија деталите за бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.
Сѐ започнало на интернет, каде А.К.(26) ја запознал Адина Канза Азахрај. По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубил.
Не му пречело тоа што Адина го крие лицето, користејќи хиџаб или превез. Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.
Адина прифатила, но рекла дека не сака свадба бидејќи „нејзината мајка починала“ и „не била во контакт“ со нејзиниот татко. Тврдела дека нема семејство да го покани на свадбата.
Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.
Имено, Адина сепак не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „конзумира бракот“.
Младиот човек им се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнала да се расплетува приказната. Го пронашле таткото, кој објаснил дека има син, а локалните медиуми ги објавиле само иницијалите Е. С. Х.
Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К. повикал полиција.
„Е.С.Х.(26) признал дека барал пари од оштетениот. Секогаш кога барал, добивал. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјавил полициски извор.
Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женски изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.