Актерката Сузан Бакнер почина на 72-годишна возраст во Мајами.
Тажната вест ја соопшти нејзиното семејство, наведувајќи дека Сузан починала мирно опкружена со најблиските, пишува Deadline.
Актерката ја играше Пети Симкокс со Оливија Њутн-Џон и Џон Траволта во блокбастерскиот филм Брилијант од 1978 година.
Пред нејзината актерска кариера, таа беше Мис Вашингтон во 1971 година, а во септември стана финалистка на десетте најдобри на изборот за Мис Америка 1972 година.