Џенифер Лопез насочи многу погледи кон себе на црвениот тепих на Мет галата која синоќа се одржа во Њујорк.
Почитувајќи го кодексот на облекување и темата „Garden of Time“ (Градина на времето), 54-годишната пејачка и актерка блесна во креација која наликуваше на крилја на пеперутка. Фустанот од високата мода на Schiaparelli бил рачно изработуван 800 часа специјално за неа.
Својот изглед, Лопез го надополни со дијамантски накит од Tiffany & Co.