Камила Кабељо денес изгледа непрепознатливо, откако својата линија на тело ја довела до совршенство.
Пејачката Камила заблескала во текот на фотографирањето во Брентвуд во Калифорнија каде покажала разни модни комбинации. Таа ја покажала својата неодолива фигура на тело, откако успеала видно да ослабне.
Инаку, пејачката имаше проблем со вишокот килограми заради што често беше мета на негативните коментари. Исто така се шпекулираше дека нејзиното поранешно момче ја напуштило токму поради тоа што се здебелил.
Имено, кога Шон Мендес ја напушти Камила јавноста беше изненадена, а наводно пресудил вишокот килограми.
„Вишокот“ килограми ниту јавноста не ѝ го прости, па на Мендес луѓето му порачуваа дека заслужува поубава девојка. За Камила јавноста исто така говореше дека има премногу целулит.
Сепак, постојат и оние кои ѝ се восхитуваат на пејачката затоа што успеала да остане доследна на себе без оглед на негативните коментари, како и емотивно стабилна.
Таа секогаш има високо ниво на самодоверба, баш како што ѝ доликува на една жена.
Сега пејачката покажала дека со силна волја секој може да изгледа убаво.