Манекенката Емили Ратајковски (32) присуствуваше на глобалниот гала настан „The King’s Trust“ одржан во Њујорк.
Познатата убавица за оваа пригода избра свилен крем фустан со раскошно деколте, кое допираше речиси до нејзиниот папок и кој брилијантно ја истакна нејзината витка линија.
Фустанот е со гол грб и врзан околу вратот, а Ратајковски не носеше градник поради кројот на фустанот. Долгата коса ја остави пуштена, а целиот стајлинг го комплетираше со сребрени обетки.
Овој настан е основан од британскиот крал Чарлс Трети со цел да им се помогне на младите.