Аманда Холден, член на жирито во шоуто „Britain’s Got Talent“ гостуваше на „Heart FM“ и за таа прилика облече краток бел мини фустан кој откри повеќе отколку што очекуваше.
Фустанот го комбинираше со крем чизми до колена. Таа се пофали со својот моден избор на Инстаграм, а призна дека „не знаела дека нејзината облека ќе открие толку многу“.
Аманда седна на масата со нозете во воздух, а потоа стана и прошета наоколу, па на слушателите на радио им посака добро утро и убав понеделник.
„Каков почеток на неделата што ја имам. Овој прекрасен, тесен фустан е од Клуб Лондон, а едноставно не сфатив дека покажува толку големо деколте”, објасни таа.
„Го сакам и дефинитивно ќе ми остане во плакарот“, додала Аманда.