Манекенката која ја нарекуваат една од најубавите жени на светот, фотографирана без грам шминка (ФОТО)

by Тони Зографски

Жизел Бундшен овие денови била фотографирана за време на утринската прошетка во Мајами Бич.

43-годишната манекенка излегла во лежерен, широк топ и хеланки. Покрај тоа, носела патики и капче, косата ѝ била пуштена и немала ниту грам шминка на лицето.

Вниманието го привлекла и со својата витка линија.

Жизел своевремено изјавила дека станува во 4:30 и вежба јога пред да изгрее сонцето.

„Станувам толку рано бидејќи сакам да го поздравам сонцето, а исто така, сакам да имам време за вежбање пред да се разбудат децата“, зборувала таа во интервју за Vanitiy Fair“.

останати вести