Една од најубавите жени во светот, Моника Белучи, позираше за насловната страница на магазинот „Elle“ (за шпанското издание), а со новите фотографии предизвика „хаос“ на социјалните мрежи.
Убавата актерка долго време не сме ја виделе во вакво жешко издание.
Белучи на својот Инстаграм објави серија фотографии, а на првата ја гледаме како позира во тесна црна комбинација, која го истакнува нејзиното бујно деколте.
Веќе на втората фотографија носи широка јакна, со впечатливи хулахопки, а на последните фотографии е облечена во елегантен фустан, кој одлично го истакнува секој дел од нејзиното тело и не се знае на која фотографија изгледа подобро!
За само 3 часа на овие фотографии добила над 125.000 лајкови, а коментарите не престануваат.