Џенифер Лопез неодамна привлече внимание за време на состанок во Њујорк.
Фотографите ја уловија на лежерен начин – носеше тренерка, чизми и очила за сонце и немаше шминка.
Неодамна 54-годишната актерка предизвика и коментари откако фотографите ги објавија нејзините немонтирани фотографии. Таа носеше широки фармерки кои ги искомбинира со црн кроп топ, покажувајќи го стомакот. Многумина тогаш пишуваа дека Џеј Ло изгубила многу килограми. Внимание привлече и острата линија среде стомакот, за која многумина мислат дека е резултат на естетска хирургија или липосукција.
Сепак, на социјалните мрежи нејзиниот стомак изгледа многу поинаку, па фановите под неодамнешните објави ја обвинија дека уредува фотографии во фотошоп.