Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.
57-годишната актерка дојде во долг син фустан со светки, а Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.
Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот го има синот Аугустин Џејмс од врската со Линда Евангелиста, а од првиот брак со Дороти Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.
Од почетокот на нејзината врска со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.