Сосема неверојатна сцена се случи во вторникот вечерта, за време на турнирот во Барселона, кога телефонот на францускиот тенисер Харолд Мејо заѕвони за време на натпреварот.
Харолд се подготвуваше за сервирање, играше против Камерон Нори, а во еден момент телефонот заѕвони на теренот.
Мајо застана, ја крена главата, па го стави прстот на градите и праша дали е негов?!
Не долго откако доби позитивен одговор, тој истрча до клупата, ја отвори торбата и го реши проблемот, а потоа се врати со насмевка.
https://twitter.com/i/status/1780305383606608124
Французинот го загуби првиот сет со 7:6, додека вториот го доби со идентичен резултат и го однесе мечот против 31. играч на светот во трет каде го предаде дуелот.