Познатата актерка Петси Кенсит, се присетила на најеротичното искуство во животот со Дејвид Боуви кога имала само 16 години.
Во интервју за „The Sunday Times“, 56-годишната актерка ја опишала својата интимна средба која ја имала со покојниот пејач во текот на снимањето на филмот „Absolute Beginners“ во 1986 година.
„Боуви беше едноставно прекрасен. Јас имав 16 години, а мислам дека тој имаше околу 30. Беше толку драг кон сите и бев целосно восхитена од него. Фантазирав дека тој ќе се заљуби во мене и дека ќе побегнеме некаде заедно“, признала таа.
Кога се сретнале, Петси била само една од луѓето со кои тој се ракувал и не обрнувал посебно внимание на неа, сѐ додека еден ден не се појавила нашминката на сетот. Боуви тогаш, според нејзините зборови, ја „нурнал“ главата низ вратата, ја поздравил, зел четка и почнал да ја чешла нејзината коса.
„Не рече ништо, само почна да ми ја чешла косата, а потоа замина. Тоа беше најеротското искуство во мојот живот“, рекла Петси.
Во текот на поткастот во 2019 година, комичарот Дејвид Бадиел исто така говорел за Петси и Дејвид со тоа што според неговите зборови, Боуви тогаш имал 40 години.
Бадиел исто така изјавил дека Петси и нејзината најдобра пријателка, една од многуте нивни пијани вечери ја поминале со Боуви во нивната колиба.
„Дејвид очигледно сакаше секс во тројка и вложи малку труд за да го добие. Тој, како што рекла таа, ја соблекол цела облека од себе, ја пуштил Let’s Dance и почнал да игра гол“, рекол Бадиел.
Меѓутоа, Петси одбила да спие со него, а на прашањето на Бадиел зошто не сакала да ја изгуби невиноста со познатиот Дејвид Боуви, одговорила дека не го сакала тоа затоа што знаела дека „нему тоа ништо не би му значело“.
Исто така додал дека кога Петси излегла од колибата, Боуви имал секс со нејзината пријателка. Подоцна, наводно излегол и се обидел повторно да ја наговори Петси да имаат однос затоа што му се допаднало тоа што таа била „недостапна“.