Војводата од Сасекс се натпреваруваше со својот тим Royal Salute Sentebale на американското првенство во поло во Велингтон, Флорида и го освои трофејот што му го подари сопругата.
Меган позираше насмеана со спортистите откако го бакна Хари пред камерите, но неволјата настана кога една жена се обиде да застане до принцот за да се слика со него. Маркл воопшто не сакаше да се помрдне и ја насочи раката да застане на другата страна.
She awkwardly refused to let the woman pose with Harry. So rude.
— Royally Sage (@sage1411) April 13, 2024
„Ѝ забрани на жена да стои до Хари. Колку грубо“, „Не ѝ е гајле за Хари, само сакаше да биде на средина“, „Таа е толку збунета“, „Вреска од несигурност“, „Таа мора да контролира сѐ“, „Зошто е воопшто во центарот на вниманието?“, пишуваат твитерџиите.