Ким Кардашијан (43) е позната по естетските корекции на своето тело и уредувањето на своите фотографии кои ги објавува на социјалните медиуми.
Сега таа сподели неколку фотографии од патувањето на Туркс и Кајкос, а нејзините обожаватели веднаш забележаа дека ова е едно од нејзините најприродни изданија досега. Ѕвездата на реалните шоуа овој пат смело го покажа целулитот на своите нозе, нешто што е природна појава кај речиси сите жени.
„Одлично изгледаш на овие фотографии, драго ми е што не го ‘избриша’ целуитот“, ѝ напиша еден од нејзините следбеници на Инстаграм.
Сепак, многумина и понатаму ја критикуваат Кардашијан за операциите на кои се подложила, односно истакнуваат дека нејзините нозе изгледаат непропорционално поради подигнувањето на задникот.