Познатиот актер Ричард Гир заблескал во Њујорк, во прегратката на 33 години помладата Алехандра Силва. Вљубениот пар изгледал посреќно од било кога и покрај шпекулациите дека нивниот брак нема долго да трае.
Интересно е тоа што актерот неодамна се остварил во улогата на татко, во 8-мата деценија од животот.
Првпат ја видел уште кога била мало девојче, кога се дружел со нејзиниот татко, кој е бизнисмен и поранешен потпретседател на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“. Повторно се поврзале во 2014 година во луксузен хотел во Италија кој таа го купила со поранешниот сопруг и со кој таа управувала. На иницијатива на заеднички пријател се споиле, а искрите веднаш пламнале.
Интересно е што и двајцата биле во процес на развод кога повторно се виделе. Поради љубовта кон него, таа преминала во будизам и се преселила во Њујорк.
Ричард и Алехандра почнале да се забавуваат во 2014 година, но одлучиле да се венчаат во 2018 година на дискретна венчавка. Во својата сопруга актерот пронашол партнерка која ја цени хуманитарната работа, бидејќи Силва работи во фондација која се бори да го искорени бездомништвото во Шпанија.
Во 2019 година го добиле синот Александар, а бидејќи и двајцата веќе имаат деца од претходните бракови, ова им било прво заедничко дете. Во 2020 година, тие го објавиле раѓањето на нивното второ бебе. Моментално живеат заедно на ранч во Њујорк, каде заедно го поминуваат времето во целосна приватност.
Пред Алехандра, актерот бил во љубов со многубројни убавици. Имено, пред нешто повеќе од 3 децении, Гир ја завел една од најубавите манекенки Синди Крафорд и во тоа време важеле за најубавиот пар на светот.
Уште тогаш, актерот имал интерес за помлади девојки, со оглед на тоа што Синди имала 22, а тој 39 години кога се запознале.
Синди инсистирала на брак, додека Ричард давал отпор на таа идеја. Сепак, се венчале во декември 1991 година во Лас Вегас. Имено, тој имал слободен ден и пауза од снимањето на филмот Mr. Jones, па со приватен авион тој, неговата идна невеста и пријателите одлетале во „градот на гревот“.
За жал, по 4 години се развеле поради непомирливи разлики. Меѓутоа, таа своевремено изјавила дека му се заблагодарува за убавите години што ѝ ги подарил, но дека во суштина пресудила големата разлика во години.
Во меѓувреме имал неколку врски, а онаа што најмногу ја следеле медиумите е со убавата Падма Лакшми, од која Гир бил 22 години постар. Нивната врска траела само 6 месеци.
Потоа одлучил да се ожени со манекенката и актерка Кери Ловел во 2002 година. Секој кој ги гледал филмовите за Џејмс Бонд знае дека таа играла во нив, како и во серијата „Law & Order“.
По 7 години врска, стапиле во брак кој траел 11 години и во кој го добиле синот Хомер. Како причина за разделбата ги навеле разликите во животниот стил.
Наводно, Ричард сакал тивок начин на живот ориентиран кон семејството со што помалку медиуми, додека таа сакала посоцијален живот полн со возбудливи настани.