Бразилската манекенката и некогашниот ангел на Victoria’s Secret, Изабел Гулар, има совршено тело.
Папараците често ја начекуваат како се шета во бикини, а фотографиите јасно покажуваат колку е згодна оваа дама.
Изабел редовно вежба напорно, а тоа и се гледа – секој мускул на нејзиното тело е исцртан и ја красат извајани, челични стомачни мускули. Неодамна парадирала на јахта во минијатурно портокалово бикини, што ги истакнало нејзините долги нозе, рамниот стомак и заоблениот задник.
Инаку, Изабел од 2015 година е во хармонична врска со германскиот фудбалер Кевин Трап, а свршени се уште од 2018 година. Таа еднаш изјавила дека има секс со голманот барем четири пати на ден.
„Имаме секс четири-пет пати дневно. Меѓутоа, доколку неговиот тим изгуби натпревар во којшто Кевин бранел, тогаш нема секс. Од друга страна, доколку победи, никој од нас не спие таа вечер и имаме секс до утредента“, рекла манекенката во една пригода.