Додека играше во Серија А, бранејќи ги боите на Интер, Парма и Фиорентина, бразилскиот фудбалер Адријано беше еден од најдобрите напаѓачи во светот!
Со Нероаѕурите два пати беше шампион на Италија и освои два Купа, со бразилската репрезентација ја освои Копа Америка и Купот на Конфедерации, додека денес живее во својата татковина и најмногу привлекува внимание за нефудбалски работи.
Најмногу го гледаме сега во фавелите, каде што израснал. Така Адријано овој пат е фатен на локален пазар, со тоа што очигледно бил под дејство на алкохол.
Него го снимил случаен минувач кој во таа прилика го запрел автомобилот пред него и го поздравил.