Група мажи предизвика бес ширум светот по видеото на кое прескокнуваат огромен боа – наместо јаже!
Едниот го држел рептилот за глава, другиот за опашката, додека нивниот придружник скокнал. Изгледа дека добро се забавувале, додека повеќето сметаат дека тоа е „злоупотреба на животни“.
Се верува дека видеото е снимено во Аргентина, и дека мажите нашле боа на патот, пред да решат да се „забават“.
Во еден момент мажот се сопнал и паднал на земја, додека останатите почнале да се смеат, пренесува The Sun.
Бројни корисници на социјалните мрежи ги нарекоа „насилници“, а еден искоментира: „И се прашуваме зошто мажите живеат пократко“.