Актерката Ребел Вилсон во своите мемоари „Ребел се издигнува“ меѓу другото открива дека ја изгубила невиноста на 35 години и се надева дека споделувањето на нејзината лична приказна ќе испрати „позитивна порака“ до другите, пишува „Пипл“.
„Не мора секој да ја изгуби невиноста како тинејџер. Луѓето можат да чекаат додека не бидат подготвени или да чекаат додека не созреат малку. Мислам дека тоа може да биде позитивна порака. Очигледно не треба да чекате додека не наполните триесет години како мене, но не треба да го чувствувате притисокот како млад човек“, рекла Ребел.
Актерката вели дека сексот за неа од секогаш е табу тема.
„На мојата најдобра пријателка ѝ реков дека тоа го направив кога имав 23 години само за да не ме испрашува понатаму за тоа“, додала таа.
Таа тврди дека „доцна процветала“ и дека го напуштала разговорот веднаш штом ќе се започнела темата за секс.
„Луѓето ми велеа дека губењето на невиноста на 24 години е доста доцна. Си помислив: ‘О Исусе, го направив тоа на 35. Ако признаам, ќе бидам најголемиот губитник’“, изјавила актерката.
Инаку, актерката е во врска со својата свршеница Рамона Агрума. Првото дете го доби со помош на сурогат мајка кога пред две години се роди нејзината ќерка Ројс. Своите мемоари ќе ги објави на 2 април.